Бразилската суперѕвезда Нејмар одигра само неколку меча во дресот на Ал-Хилал, а потоа се повреди и веќе подолг период е надвор од терените. Нејмар требаше да биде прва ѕвезда на Ал-Хилал, но на еден настап за селекцијата на Бразил заработи тешка повреда и веќе неколку месеци го нема во соблекувалната на тимот од Саудиска Арабија.
Изненадувачки, Нејмар ги посети своите соиграчи во соблекувалната, и тоа облечен во традиционална облеча и буквално наликуваше на шеик. Сите фудбалери на Ал-Хилал со насмевка го пречекаа Бразилецот, кој сигурно нема да се врати на теренот до крајот на сезоната.
https://twitter.com/i/status/1760052340411785679