Еурофарм Пелистер претрпе очекуван пораз на гости кај Кил со 23-29, а за битолчани тоа е 12-ти пораз во 12 меча сезонава во ракометната Лига на шампиони.
Македонскиот првак одигра многу лошо во првото полувреме, кое Кил го доби со 19-10 и практично по 30 минути игра ги разреши дилемите околу победникот. Во вториот дел битолчани заиграа подобро, па успеаја да го ублажат поразот.
Најефикасен кај Кил беше Елијас Елефсен Скипаготу, кој даде 8 гола. Ова е ракометар од Фарски Острови, ривалот на Македонија во баражот за СП 2025.
Кај Е. Пелистер се истакна Лесјак со 13 одбрани, а во напад најпрецизни беа Радивојевиќ со 6 и Пешевски со 4 гола.