Македонската кошаркарска репрезентација на свој терен во СРЦ „Кале“ вечерва од 19 часот ги започнува квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се игра следната година. Во 2015 година Македонија за последен пат беше дел од елитното друштво, што значи дека точно една деценија ќе помине од турнирот кој следната година ќе се игра во четири земји (Кипар, Финска, Полска, Летонија).
Прв ривал на Македонија е Естонија, а во групата уште се и Литванија и Полска. Литванија е апсолутен фаворит во групата, а Полска како домаќин веќе е сигурен учесник на завршницата, што значи дека третиот патник ќе се бара меѓу Македонија и Естонија.
Лоша е традицијата кога играме против Естонија, па во последните седум години сме играле пет пати, а Естонија има четири победи. Македонија се радуваше само еднаш, и тоа на гости со 86:84. Сепак, најсвеж е дуелот одигран пред шест месеци во квалификациите за Олимписките игри, кога Естонија победи убедливо со 24 разлика (83:59).
Спред квотите во Sport Life, и сега Естонија е во улога на фаворит, но во таборот на Македонија во изминативе дена можеа да се слушнат многу оптимистички изјави и најави дека може да се радуваат Црвено-жолтите.