Кошаркарската репрезентација на Македонија првпат после 2022-рата година одигра натпревар во Скопје, откако претходните домашни натпревари ги игравме во Гевгелија.
Навивачите од главниот град се покажаа во одлично светло, ја исполнија салата до последното место, а во текот на целиот натпревар беспоштедно ги бодреа нашите кошаркари. Сепак, на крајот кошаркарите на Естонија беа тие што се радуваа.