Синот на премиерката на Летонија потпиша за Динамо Загреб

Хрватскиот шампион Динамо Загреб од неделава во својата кадетска селекција го придодаде Матис Силинш.

Оваа вест не е толку интересна и не привлекува внимание, доколку не се знае дека 17-годишниот Силинш е син на премиерката на Летонија, Евика Силина која не пропушти да ги пофали фудбалските работници во нејзината земја.

„Му благодарам на клубот Мета за големиот допринос кој го дава за летонскиот спорт и образованието на нашите деца. Се создава спортска атмосфера која е сигурна и отворена за децата“, напиша летонската премиерка на Инстаграм.

Матис Силинш досега беше дел од сите летонски младински репрезентации, а игра на позицијата стопер и понатамошниот развој ќе го продолжи во хрватскиот шампион.

- Оглас -

Најнови вести