Со кош во последна секунда во стилот на Мајкл Џордан, Биберовиќ ги смрзна Исланѓаните (Видео)

Тарик Биберовиќ попладнево постигна кош во последна секунда со кој Турција го победи Исланд со 76-75 во квалификациите за ЕП 2025.

Одбраната на Исланд не направи ништо лошо во последниот напад, но Босанецот со турски пасош кој игра за Фенербахче, со звукот на сирената ладнокрвно погоди од тешка позиција, со скок наназад, како што тоа во минатото го правеа Мајкл Џордан и Коби Брајант.

Сега и Турција и Исланд имаат по една победа и пораз. За Турците непријатно ќе беше ако загубеа, но Биберовиќ им ја донесе планираната победа.

Погледнете го кошот на Тарик:

- Оглас -

Најнови вести