Динамо со пенал во последните секунди ја доби Риека, и ја вжешки трката за титула во Хрватска

Динамо Загреб ја совлада Риека со 1-0 во дербито на хрватската фудбалска лига, а овој резултат внесува уште поголема неизвесност во трката за титулата.

Сега Динамо има три бода помалку од првопласираната Риека, но Динамо има и еден меч помалку, па може да го стигне лидерот. Меѓу нив е сместен Хајдук, со бод помалку од Риека, а два повеќе од Динамо.

Стефан Ристовски играше 87 минути против неговиот некогашен клуб, а Аријан Адеми влезе во игра во 58-ма минута и играше до крај. Победничкиот гол за Динамо ги постигна Фран Бродиќ од пенал во 95-та минута.

- Оглас -

Најнови вести