Прво засилување налето за Манчестер јунајтед треба да биде ѕвезда на Реал за која Ретклиф подготви 200 милиони евра

Косопственикот на Манчестер јунајтед, сер Џим Ретклиф, веќе ја започна ренесансата на Црвените ѓаволи, со носење на нови луѓе во управата, а налето планира да биде активен и на трансфер пазарот и уште сега се намерачи на ѕвезда на Реал Мадрид.

Најбогатиот човек во Обединетото Кралство се одлучи реконструкцијата на Манчестер јунајтед да ја започне со веќе испробан рецепт и од страна на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, да купи голема ѕвезда околу која ќе го гради новиот Јунајтед.

Изборот на Ретклиф падна на напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус жуниор за кого подготви 200 милиони евра.

Со сè поизвесното доаѓање на Килијан Мбапе, постои можност Перес да одлучи да го стави Винисиус жуниор на трансфер листата и сер Џим Ретклиф уште сега подготви голема сума на пари со кои ќе се обиде да го донесе Бразилецот на „Олд трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести