Новиот шампион во лесна категорија во организацијата УФЦ, Иља Топурија, вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ го изведе почетниот удар на дуелот од Ла Лига меѓу Реал Мадид и Севиља и доби овации од навивачите.
Топурија минатиот викенд во Анахајм, САД, со нокаут го победи долгогодишниот шампион, Австралиецот со македонско потекло, Александер Волкановски.
🚨 UFC FEATHERWEIGHT CHAMPION ILIA TOPURIA AT THE BERNABEU 🇪🇸🇪🇸 pic.twitter.com/mrS9Y6BrIy
— MMA.PROS.PICK (@MMAPROSPICK) February 25, 2024
Во негова чест, Реал Мадрид одлучи тој да го изведе почетниот уда, Топурија се појави на „Сантијаго Бернабеу“ и доби овации од навивачите и аплаузи од играчите на двата тима.
Топурија по освојувањето на титулата изјави дека голема желба му е следната борба да ја има токму на „Сантијаго Бернабеу“ со Конор Мекгрегор, а оваа идеја наиде на одобрување на првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт.