Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го играат претпоследниот натпревар од Лигата на шампионите. Во Битола гостува екипата која им го нанесе најтешкиот пораз оваа сезона, данскиот Алборг, кој ги победи Пелистерци со 38-23 на првиот меч во Данска.
Резултатот од првиот натпревар, но и пласманот на табелата јасно говорат кој е фаворит на денешниов натпревар. Квотата за победа на данскиот состав во Sport Life е само 1.08, но затоа изненадување на Еурофарм Пелистер има одлична квота од 7.25. Нерешениот резултат носи квота од 14.
Сепак, основниот хендикеп е далеку од резултатот од првиот натпревар и изнесува 5.5 гола.
Вечерва ширум Европа се играат вкупно четири натпревари од ракометната Лига на шампиони, а сите дуели се дел од понудата на Sport Life.
Во богатата понуда на Sport Life има и голем број ракометари за најпопуларната игра „плус-минус“ голови. Тројца ракометари на Еурофарм Пелистер се дел од оваа понуда – Радивојевиќ, Пешевски и Цехте.