Хрватскиот „Национал“ објави информација дека Горан Иванишевиќ за тренирањето на Новак Ѓоковиќ заработува од 6.000 до 10.000 евра неделно. Иванишевиќ од крајот на 2019 година му е тренер на Ѓоковиќ.
Легендарниот хрватски екстенисер месечно заработува и до 40.000 евра, а сумата знае да биде и значително поголема кога има бонуси. Наводно, на Иванишевиќ му припаѓаат 10 проценти од секој освоен гренслем на Новак, па проценката е дека во 2023 година, без бонуси, тој инкасирал околу 300.000 евра за 25 до 32 недели, колку што беа заедно на патувањата на турнири.
Во 2023, Ѓоковиќ заработи 7.415.000 долари на трите гренслема коишто ги освои, што значи дека Иванишевиќ добил многу богат бонус, над двојно поголем од редовната плата.