Парондо: Потфрли нападот во вториот дел

Тренерот на Вардар, шпанскиот стручњак Роберто Парондо, мисли дека проблемот на неговиот тим во второто полувреме против Веспрем биле заморот и утките во нападот.

„Не сме задоволни од резултатот, целта беше победа, но не можевме. Имавме одлично прво полувреме, а потоа не можевме да го задржиме нивото во продолжението. Лошо влеговме во вториот дел, ја загубивме предноста која ја имавме и се најдовме во позиција да бркаме резултат. Веспрем беше подобар во клучните моменти. Се обидувавме да парираме, не стигна заморот, и затоа во нападот не бевме како што посакувавме“, – рече Парондо.

Вардар загуби од унгарскиот тим од 27:29, а член на гостинскиот тим е Дејан Манасков, кој на прес-конференцијата зборуваше на англиски јазик.

„Секогаш е тешко да се игра во Скопје како гостин, но и задоволство. Не игравме добро во првото полувреме, имавме долг разговор во соблекувалната, тренерот Давид беше лут и во второто полувреме влеговме пофокусирани, посконцентрирани и со многу поголема дисциплина во играта и со она што го покажавме во вториот дел заслуживме да победиме“ – рече македонскиот репрезентативец.

 

- Оглас -

Најнови вести