5646 Ал-Хилал – Ал-Итихад (18.00 часот)
Ал-Итихад и без голови на Бензема влезе во победничка серија, има три победи по ред, но одбраната на титулата веќе не е можна, има 22 бода помалку од вечерашниот ривал. Ал-Хилал гази благодарение на неверојатната серија голови на Митровиќ. Имаат 19 победи и две ремија во 21 колo, со гол-разлика 64-10, што ги прави тим со најсилен напад и најцврста одбрана во Саудиска Арабија, доминираат во секој поглед. Последниот меч на кој Ал-Хилал не победил беше уште во септември. Традицијата најавува ефикасен меч.
Предлог тип: ГГ & 3+ (1.79)
2801 Митјиланд – Копенхаген (19.00 часот)
Ова е големо дерби во данската лига. Двата тима имаат еднаков број бодови, се борат за титула заедно со Брондби, кој им бега за еден бод. За Митјиланд предност е домашниот терен и тоа што гостите можеби малку ќе мислат и на реваншот од ЛШ со Манчестер сити, иако шансите за позитивен исход им се минимални. Квотите за конечен тип велат дека гостите се малку поблиску до победа, а ова се две екипи кои ретко играат нерешено. Од последните осум меѓусебни дуели, седум им беа со 0-2 гола.
Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.89)
1801 Фрајбург – Баерн М. (20.30 часот)
Баварците се во непријатна позиција, мора да победат, а во вторник имаат и важен меч против Лацио од ЛШ на кој треба да бркаат негатива од еден гол-разлика. Фрајбург тоне, има само еден освоен бод во последните пет кола. Баерн е најефикасен тим во Бундеслигата и ова треба да му биде генерална проба пред пресметката со Лацио, на која мора да победи со барем два гола разлика. Последниот пораз на Баерн во Фрајбург беше во 2015 година. Типуваме победа на Баерн со повеќе од еден гол разлика.
Предлог тип: Х 2 1.00 (2.25)
3003 Лацио – Милан (20.45 часот)
Лацио е тим со најмалку нерешени резултати сезонава во Серија А, само четири, а Милан има само едно реми повеќе, но Росонерите двапати ремизираа во последните пет кола. Милан е многу поефикасен тим и затоа има 13 бода повеќе и се бори за место во ЛШ, додека Орлите од Рим ќе се мачат да се пробијат до местата кои водат во Европа. Лацио во вторник гостува кај Баерн, мора да мисли и на тоа, а олеснителна околност вечерва ќе му биде што кај Милан ќе го нема суспендираниот Јовиќ.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.12)
1701 Монако – ПСЖ (21.00 часот)
Според имињата, ова е големо дерби, двата најефикасни тима во француската лига сезонава, но разликата меѓу нив е 13 бода, Монако е далеку од лидерот и нема шанса за титула. За Мбапе ова е последно гостување во дресот на ПСЖ против својот поранешен клуб. Кнезовите речиси три месеци не знаат за победа на свој терен. Монако ги доби последните три меча дома против ПСЖ и на Светците им даде девет гола, по три на секој меч, но ние типуваме прекин на традицијата. Есеноска во Париз беше 5-2 за шампионот.
Предлог тип: 2 (2.10)