Бразилското чудо од дете, како што го нарекуваат, Ендрик веќе месецов ќе има можност да дебитира на „Сантијаго Бернабе“, но не во дресот на Реал Мадрид. Тој веќе потпиша договор со „кралскиот“ клуб, но ќе му се придружи на Реал на 21-ви јули, кога ќе наполни 18 години.
Дебито на стадионот на Реал ќе го има на 26-ти март на пријателскиот натпревар помеѓу Шпанија и Бразил, бидејќи доби повик од бразилскиот селектор за репрезентативниот прозорец месецов.
Бразил освен против Шпанија, ќе игра против пријателски натпревар и против репрезентацијата на Англија. Ендрик до сега има два настапи за „кариоките“, а на клупски план има 78 настапи и 27 голови.