Сосема извесно е дека Зинедин Зидан од следната сезона повторно ќе биде тренер, но не е познато на која екипа. Во последно време се погласни се шпекулациите дека тоа ќе биде Манчестер јунајтед, но неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Томас Гравесен, вели дека од приватен разговор со француската легенда дознал дека за него постојат само три опции.
– „Го прашав Зидан пред две години дали ќе се врати на тренерската работа. Ми рече дека има само три опции: Марсеј, Реал Мадрид и репрезентацијата на Франција. Тоа ми го кажа во Мадрид пред две години. Би рекол дека во Мадрид имаше фантастична екипа и подготвен влезе во сето тоа. Во Јунајтед ситуацијата е сосема друга, тешко е тоа да го повтори со екипата која ја има Тен Хаг.“ – вели Гравесен.
Данецот додава дека дополнителен проблем за Зидан ќе биде и англискиот јазик кој не го знае, бидејќи говори само француски и италијански.