Тетекс повеќе од четири месеци чека да се израдува на победа, домашните екипи се во улога на фаворити

Комплетното 18 коло се игра денеска од 14 часот во Втора фудбалска лига на Македонија, а во понудата на Sport Life има четири средби. Дербито ќе биде во Тетово каде Тетекс е домаќин на Беласица.

Ова е дуел на два тима кој се во долниот дел од табелата и трите бода ќе бидат многу значајни во борбата за опстанок. Тетовчани не знаат за победа веќе 12 меча (првенство и контролни средби), па сега е одлична шанса да се израдуваат за прв пат по октомври минатата година. И гостите од Струмица немаат триумф на последните пет второлигашки дуели, но се со два бода повеќе на табелата од денешниот ривал.

Според коефициентите, домаќините се фаворити на сите четири меча кои се во понудата. Беса Добри Дол не треба да има никакви проблеми Новаци, а Охрид очекува три бода во дуелот со Победа.

Возбудливо може да биде во Скопје каде, тимот на Скопје има шест победи во осум средби на свој терен сезонава, а сега го пречекува Кожуф од Гевгелија.

- Оглас -

Најнови вести