Кошаркарките на МЗТ Скопје и на Баскет Кам ќе играат во утрешното финале во Купот на Македонија откако денеска славеа во полуфиналните дуели.
Во првото полуфинале, Баскет Кам со убедливи 90:70 ја совлада Крива Паланка, а дилемите околу победникот ги реши уште во првата четвртина која ја доби со 30:11.
Најдобри кај Баскет Кам беа Зибац со 21, Димова со 19 поени и 10 скока, Кметовска со 17 поени и 11 скока и Поп Димитровска со 17 постигнати поени.
Во второто полуфинале, бранителот на трофејот МЗТ Скопје Аеродром го неизвесен натпревар го совлада тимот на Вардар.
Победникот беше решен во финишот, прво Петровски со шест поени по ред му донесе водство на МЗТС Скопје од 64:58, но Матие го врати Вардар во игра со четири поени по ред (64:62). Томас му донесе предност на МЗТ Скопје од 66:62, а Матие на 13 секунди до крајот ги реализира двете слободни фрлања.
Точка на натпреварот стави Митева која реализира три од четирите слободни фрлања. Токму Митева со 22 поени беше најдобра кај МЗТ Скопје, додека Матие даде 20 поени за Вардар.