Драма на „Местаља“: Реал даде гол, но судијата го прекина мечот пред Белингам да ја смести топката во мрежа (Видео)

Во еден од дерби дуелите во 27-то коло во Ла Лига, Валенсија и Реал Мадрид на „Местаља“ одиграа 2:2, а судијата Хезус Хил Манцано, го прекина мечот додека топката одеше кон Џуд Белингам кој потоа даде гол.

 

Имено, Манцано во десеттата минута од судиското продолжение свирна свирна за крај на мечот и тоа во моменти кога Кралевите нафрлија топка која дојде до Белингам кој потоа постигна гол. Манцано не го призна голот, туку во моментите додека играчите на Реал се радуваа, тој свирна за крај на мечот.

Ова не беше единствен спорен момент во судиското продолжение, бидејќи во првата минута од истото, Манцано досуди пенал за Валенсија. Но судиите во ВАР-собата го повикаа повторно да го прегледа спорниот момент по што ја промени одлуката бидејќи играчот на Реал Мадрид ја удри топката, а не ногата на противникот.

Валенсија имаше одличен старт на мечот, за само три минути постигна два гола, Дуро во 27-та минута го отвори резултатот, а три минути подоцна Јаремчук зголеми на 2:0.

 

Во последните моменти од првото полувреме, Винисиус жуниор намали на 2:1, а Бразилецот во 76-тата минута го постигна својот втор гол за 2:2.

 

Реал Мадрид останува лидер на табелата со 66 бода, седум повеќе од Жирона која утре и гостува на Мајорка.

 

- Оглас -

Најнови вести