Стигна објаснување зошто е правилна одлуката да се поништи голот на Реал, но многумина не се согласуваат со тоа (Видео)

Валенсија и Реал Мадрид одиграа 2:2 во меч од првенството на Шпанија, кој имаше неславен крај. Валенсија водеше со 2:0, Реал успеа да израмни, а кралскиот клуб буквално во последниот напад постигна гол и за победа од 3:2, но радоста на гостите ја скрати судијата Хесус Хил Манцано, кој отсвири крај, непосредно пред топката да влезе во голот.

На семафорот течеше 99 минута, кога Белингам со глава погоди во мрежата на Валенсија, но само неколку секунди пред да биде постигнат погодокот, беше означен крајот.

Судскиот експерт Алфонсо Перес Буруља кој е поранешен арбитар, даде објаснување за целата ситуација и застана во одбрана на Манцано.

„Судијата исправно досуди крај на мечот. Незадоволни беа и оние кои напаѓаа и оние кои се бранеа. Брахим Диас ја имаше топката и неговиот центаршут беше дури по вториот допир. Во тој момент, исправно беше досуден крај на средбата“, објаснува Перес.

Според Перес, токму тие еден или два контакти повеќе на топката на Диас се причина за правилна одлука за крај на дуелот. По оваа одлука на судијата Манцано, жестоко реагираа фудбалерите на Реал Мадрид, а најлошо помина Белингам кој доби директен црвен картон. Англискиот репрезентативец сега ќе паузира на следните средби поради директното исклучување.

Според шпанските медиуми, фудбалерот на Реал на судијата му рекол: „Беше е*ан гол“, по што Манцано покажа црвен картон за Белингам.

https://twitter.com/i/status/1764050728648139101

 

- Оглас -

Најнови вести