Севиља синоќа со 3:2 го совлада Реал Сосиедад во рамки на 27-то коло во Ла Лига, а во фокусот беше Серхио Рамос кој продолжи да соборува рекорди, и позитивни и негативни.
Рамос го постигна третиот гол за Севиља, но исто така и направи прекршок во сопствениот шеснаесетник кој беше санкциониран со пенал за Реал Сосиедад.
Легендарниот дефанзивец голот го постигна со глава и тоа му беше 40-ти гол во глава во кариерата во ЛА Лига. Тој е многу поуспешен од доста напаѓачи во оваа категорија, а повеќе голови со глава во овој век постигнале само петмина фудбалери, и тоа Исмаил Урзаис (61), Кристијано Роналдо (52), Ариз Адуриз (49), Раул (43) и Фернандо Љоренте (42).
И направениот пенал исто така му беше јубилеен 20-ти. Според статистиката на Ла Лига. Рамос е убедливо прв во оваа категорија во 21-виот век, а следен по него и Ињиго Мартинес со направени прекршпци за пенал.
Покрај тоа, Рамос е лидер и во добиените црвени картони во кариерата, засега е на бројката од 28.