Еден од најдобрите тенисери според АТП-листата, Данецот Холгер Руне, бил цел на смртни закани и тоа поради поразот во полуфиналето на АТП-турнирот во Акапулко. Руне загуби со 6:3, 3:6, 4:6 од Каспер Руд, а мајката на Данецот, Анека Руне, откри дека добила заканувачки пораки.
„Ти си е*ан кучкин син. Ќе те чекам. Ќе те најдам и ќе те прободам со нож во врат, а потоа ќе ти ја отсечам глупавата глава. Ќе биде на сите вести и тоа ќе биде лекција за сите останати. Олош. Доаѓам по тебе. Ќе умреш од тап нож“, пишувало во мејл-пораката испратена до мајката на Холгер.
Руне моментално е на седмото место на АТП-листата и во кариерата има 105 победи и 67 порази. Освојувач е на четири АТП турнири, а најдобар пласман на АТП-листата имаше во август минатата година, кога беше на четвртото место. На грнслем-турнирите најдалеку има стигнато до четвртфиналето, и тоа на Ролан Гарос и Вимблдон.