Раководството на Формула 1 го објави финансискиот извештај за минатата сезона, а посебно во очи паѓаат приходот и добивката, кои бележат раст. Годишниот приход за 2023 година е за 25% повисок за разлика од 2022 година и се искачил од 2.573 милијарди долари на 3.222 милијарди долари.
Со самото тоа пораснала и добивката за неверојатни 64%, односно од 239 милиони долари во 2022 на 392 милиони долари во 2023 година. Тоа значи дека повеќе пари добиле и клубовите, а од раководството на Ф1 велат ова се должи, пред сè, на трката во Лас Вегас, која беше вметната во календарот и влезниците кои се продавале таму, како и продажбата на маркетинг-правата.
Новата сезона во Формула 1 започна минатиот викенд во Бахреин, а побендик на првата трка, сосема очекувано, беше Макс Ферстапен.