Семејството на фудбалерот Даглас Луиз од Астон вила го гледаше преносот од објавувањето на листата на играчи во бразилската репрезентација за мартовските контролни дерби-дуели со Англија и Шпанија и чекаше да го слушне името и презимето на нивниот син и брат.
Мајката имаше амајлија со крст околу слика на нејзиниот син со верба дека тоа ќе помогне Даглас да биде повикан во Селесао. Таткото беше прекриен со бразилско знаме.
Како што се читаа имињата на играчите од средниот ред, родителите почна да ги фаќа нервоза, мислеа дека синот пак нема да заигра за Бразил, но кога беше кажано и неговото име, радоста беше огромна.
Погледнете: