Незапирливиот Интер ја победи Џенова со 2-1 и својата предност во однос на второпласираниот Јувентус ја зголеми на огромни 15 бода разлика.
Вечерва во Милано домашната екипа, која играше со нинџа-желките на предната страна на дресовите, по првото полувреме водеше со 2-0, а стрелци беа Кристјан Аслани и Алексис Санчес од пенал.
За Албанецот Аслани ова е прв гол во дресот на Интер, додека Чилеанецот сезонава првпат погоди. Пеналот за Интер беше сомнителен и предизвика бројни коментари, многумина не се согласуваат со одлуката на судијата дека имало пенал над Николо Барела.
Погледнете ја ситуацијата и сами проценете дали ова требаше да биде пенал:
https://twitter.com/i/status/1764749816322474236