Оштетен ли е Вардар против Шкендија? „Бомба“ од 40 метри, а судиите останаа неми (Видео)

Вардар има негатива од еден гол по првите 45 минути на гостувањето во Тетово во дербито против Шкендија. Домаќините преку Имери погодија за 1-0 во 23-тата минута, а петнаесетина минути подоцна фудбалерите во црвено-црни дресови дојдоа во ситуација да израмнат.

Филип Најдовски испрати феноменален удар од околу 40 метри далечина, топката ја помина гол-линија, но арбитрите тоа не го забележаа и погодокот не беше признат.

До паузата резултатот остана непроменет, во исчекување е стартот на второто полувреме на дербито во Тетово. Погледнете ја спорната ситуација и сами проценете дали Вардар е оштетен или судиите правилно проценија.

- Оглас -

Најнови вести