Навивачите на Партизан, популарните „Гробари“, откако Црно-белите се вратија во најквалитетното европско кошаркарско клупско натпреварување поставија многу рекорди, а денеска добија уште една потврда од Евролигата дека немаат конкуренција.
Според податоците на Евролигата, најбучни навивачи во последното коло беа тие на Партизан.
Тие во победата од 100:90 над Анадолу Ефес ја исполнија до последно место „Штарк арената“ и генерираа бука од 96,93 децибели.
На второто место се најдоа навивачите на Жалгирис, кои на дуелот против Олимпијакос во Каунас исто така беа гласни. Тие создадоа бука од 94,79 децибели.
Трети се фановите на Барселона со 94,69 децибели.