Францускиот фудбалер Муктар Дијакаби успешно беше опериран по тешката повреда што ја здоби за време на дуелот меѓу Валенсија и Реал Мадрид. Дефанзивецот на Валенсија заработи опасна скршеница на ногата, откако Чуамени со целата тежина падна врз ногата на Дијакаби.
Веднаш беше јасно дека се работи за сериозна повреда на коленото, а фудбалерите беа во неверување за колку лоша повреда се работи. Голем дел од нив воопшто не можеа да гледаат кон повредениот Дијакаби.
Најцрните предвидувања беа дека Дијакаби веќе нема да може да оди како порано, па до тоа дека кариерата може да ја заврши.
🏥 Diakhaby pasó por quirófano: La rodilla aguantó la tragedia
⚪⚫ Buenas noticias, dentro de la gravedad, al abrir la articulación y encontrar meniscos y cartílagos menos afectados de lo esperado
🖊 Te lo cuenta @D_pico_ 👇 https://t.co/ThHknVPraL
— MARCA (@marca) March 7, 2024
Дијакаби денеска беше на операција во Франција, која траеше повеќе од три часа, а вестите кои пристигнуваат од тимот на Валенсија, за среќа се позитивни, посебно ако се знае за колку сериозна повреда се работи.
Кога лекарите го „отвориле“ коленото констатирале дека менискусот и рскавицата на коленото се релативно малку зафатени од повредата и дека постои шанса опоравивањето да трае дури и помалку од првичното предвидено.
Фудбалерот останува во болницата, а потоа ќе следува периодот на рехабилитација кој се очекува да трае од 10 до 12 месеци, но што е најважно, се очекува Дијакаби во иднина повторно да биде дел од фудбалскиот терен.
Екипата на Валенсија на следниот меч против Хатефе подготвува да покаже поддршка кон својот фудбалер. Сите играчи на теренот ќе се појават во дресови со името на францускиот централен дефанзивец, а се очекува и фудбалерите на Хетафе да дадат поддршка.