Екипите на Ливерпул и Рома веќе може да се подготвуваат за четвртфиналето во Лигата на Европа, откако забележаа убедливи победи над Спарта Прага и Брајтон.
„Црвените“ од Енфилд со 1-5 победија во Прага, против Спарта со двата гола на Нуњез и по еден на Мекалистер, Диас и Собослаи.
Баер Леверкузен се спаси од пораз во Азербејџан, откако во во второто полувреме ја стигна предноста на Карабаг од 2-0. Шик во 92-рата минута беше спасителот на „Фармацефтите“.
Фудбалерите на Рома на домашен терен немаа милост за премиерлигашот Брајтон и го победија со убедливи 4-0. Стрелци за „римската волчица“ беа Дибала, Лукаку, Манчини и Кристанте.
Резултати – Лига Европа:
Рома – Брајтон 4-0
Карабаг – Баер Леверкузен 2-2
Спарта Прага – Ливерпул 1-5
Резултати – Конференциска лига:
Ајакс – Астон вила 0-0
Молде – Бриж 2-1
Олимпијакос – Макаби ТА 1-4
Штурм – Лил 0-3