Кошаркарите на Црвена ѕвезда го забележаа и четвртиот пораз во низа во Евролигата, откако вечерва загубија на гостувањето кај Монако со 98-80 и полека, но сигурно ги губат шансите да дојдат до плеј-ин разигрувањето.
Домашните уште од почетокот на мечот покажаа зошто се фаворити и убедливо го отворија натпреварот, откако на првата мини-пауза заминаа со предност од осум поени разлика, иако Црвена ѕвезда имаше почетно водство. Во втората четвртина предноста на Монако продолжи да расте до највисоки +11.
Во второто полувреме следуваше комплетен пресврт на Црвена ѕвезда, но во финишот од периодот домашните повторно се вратија во водство кое не го испуштија до крајот од натпреварот.
Во последната четвртина, кошаркарите на Црвена ѕвезда како да кренаа раце од натпреварот, па предноста на Монако постојано растеше и се искачи и на највисоки +22 поени разлика.
Џејмс од екипата на Монако со 20 поени беше најефикасен на натпреварот.