Кошаркарите на Партизан се радуваа на титула во Купот на Србија откако во неверојатна завршица славеа против вечниот ривал Црвена ѕвезда со 76:74 во салата „Чаир“ во Ниш. Мечот беше решен буквално во последните стотинки, а јунак на „црно-белите“ беше Џок Лендејл, кој успеа да погоди две слободни фрлања на две стотинки до крајот на средбата.
Партизан имаше водство од 74:72, а Добриќ не погоди две слободни фралања за Црвена ѕвезда, но Мајк Цирбес со офанзивен скок успеа да се избори за нов напад на „црвено-белите“, а во хаотичниот напад, Добриќ погоди за 74:74 на една секунда до крајот. Партизан побара тајм-аут, а „црно-белите“ успеаја да се изборат за фаул, а Лендејл на 0,2 секунди до крајот погоди двапати, доволно за победа и трофеј на Партизан во Купот.