Џуд Белингам ќе мора да паузира на следните два меча за Реал Мадрид во првенството, откако беше одбиена жалбата на кралскиот клуб за црвениот картон што англискиот интернационалец го доби на дуелот против Валенсија.
Белингам „поцрвене“ по завршување на мечот, откако неспортски реагираше поради тоа што главниот судија отсвири крај на средбата и тоа неколку секунди пред тој да даде гол со кој мадридскиот гигант можеше да победи.
За директен црвен картон, тој беше казнет со два меча и сега ќе мора да ги пропушти дуелите против Селта Виго во Мадрид и гостувањето во Памплома против Осасуна.