Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски, се допишуваше со Јусеин Болт и се исмеваа за една објава во која се споредува брзината на фудбалерот Килијан Мбапе и таа на Јамајчанецот Болт кој е најбрз човек на сите времиња и светски рекордер во спринтови на 100 и 200 метри.
Мбапе на еден меч трчал со брзина со која 100 метри би претрчал за 10,9 секунди, и во објавата на „433“ стои дека за малку ќе го урнел светскиот рекорд на Болт кој е 9,58, разлика од речиси 1,5 секунда.
„За ‘малку‘, брат, хахаха. Мора да се глупави штом објавиле вакво нешто“, му напиша Трајковски на Болт.
Болт му одговори на Трајковски со следните зборови: „И јас се смеев кога видов. Девојките трчаат побрзо од ова“.
Инаку, времето на Мбапе од 10,9 секунди на 100 метри би било на 63-то место на вечната листа на најбрзи времиња во женска конкуренција, и со тоа време не би се пласирал во женското финале на 100 метри на ланското Светско првенство.