Сензационалниот трансфер на 19-годишниот Сенегалец Микаел Фаје од хрватскиот третолигаш Кустошија во Б тимот на Барселона, вечерва добива нова димензија, клубот Кустошија ќе добие дури 1,5 милиони евра.
Трансферот на Фаје беше 5 милиони евра, сума која ќе се плати на пет рати, а во договорот има и разни бонуси, од кои едниот е од 1,5 милиони евра за Кустошија, ако Фаје се најде во составот на првиот тим на Барса на некој прволигашки меч.
Не мора ни да игра Сенегалецот, и да остане на клупа цел меч вечерва, хрватскиот третолигаш ќе се збогати.