Кошаркарите на Партизан направија чекор назад во борбата за пласман во плј-ин разигрувањето на Евролигата. „Црно-белите“ од Белград загубија од директниот конкурент Олимпија Милано на гостински терен во вистинска драма во финишот со 85-83.
Партизан одлично го отвори мечот и брзо дојде до +9, но до крајот на првата четвртина домашните направија пресврт и на првата мини-пауза заминаа со минимални 22-21. Во вториот период повторно Партизан го презеде водството, но по слично сценарио домашните направија пресврт.
Во завршницата се влезе резултатски израмнето и двете екипи се менуваа во водство, но кошаркарите на Милано беа поконцентрирани и дојдоа до значајна победа со која остануваат во игра за пласман во разигрувањето.
Партизан и Валенсија се на делба на 10-тата позиција со по 13 победи во борба за последното место кое води во разигрувањето. Монако вечерва дојде до 12-тата победа и се искачи на 12-тата позиција на табелата во Евролигата.