Елмас играше само во прво полувреме, Баерн Минхен нема милост, а Кејн руши рекорди

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас прв пат беше стартер во тимот на Лајпциг, но одигра само едно полувреме, во победата на неговиот тим против Дармштат со 2:0. Лајпциг беше голем фаворит за победа и поведе по само три минути игра со автогол. Во второто полувреме кое Елмас го следеше од клупата за резерви, а Лајпциг постигна уште еден погодок, за да нема драматичен финиш.

Баерн Минхен немаше милост против мајнц и славеше со убедливи 8:1. Очекувано, во гол-шоуто најмногу се истакна Хари Кејн кој постигна хет-трик. Со овие три гола Кејн стигна до 30 погодоци сезонава, израмнувајќи го рекордот на легендарниот Уве Зелер кој во дебитантската сезона стигна до оваа бројка во сезоната 1963-64.

За Кејн ова е четврти хет-трик сезонава нешто што не му успеало на ниту еден друг фудбалер претходно во дебитантска сезона во Бундеслигата. Англискиот голгетер исто така е рекордер и со осум меча на кои барем по два пати ја тресел мрежата на противникот.

Возбудливо и многу со голови беше и на дуелот меѓу Борусија Менхенгладбах и Келн. Гостите два пати водеа со 0:1 и 1:2, потоа Борусија стигна до 3:2, а на крајот мечот заврши нерешено 3:3.

Еден гол, но доволен за три бода постигна Аугзбург на свој терен против Хајденхајм.

- Оглас -

Најнови вести