МЗТ со победа и малку публика на трибините го прослави 58-миот роденден (Фото)

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со убедлив триумф од 78-56 против ТФТ, го прославија 58-миот роденден на клубот кој е десеткратен првак на Македонија.

Металците не дозволија изненадување и ги израдуваа своите навивачи кои во скромен број дојдоа да ја одбележат 58-годишнината од формирањето на клубот кој го поддржуваат.

Баковиќ со 15 поени беше најефикасен кај МЗТ, по 13 поени уфрлија браќата Дамјан и Војдан Стојановски, а двоцифрен беше и Крстевски со 10.

- Оглас -

Најнови вести