Алегри: Доста беше, време е да почнеме да победуваме

Јувентус на свој терен игра против Аталанта во меч на две екипи кои бркаат излез во Европа за следната сезона. До пред еден месец Јувентус беше во трка и за титулата, но Старата дама влезе во криза и на последните шест средби од Серија А освои само пет бода (една победа, две реми и три порази), па тренерот Масимилијано Алегри, алармира дека е време неговиот тим да влезе во позитивна низа и да почне да освојува по три бодови.

„Разочаран сум бидејќи во последниов период освоивме многу малки поени. На последниот меч против Наполи имавме некои добри работи, но на крајот загубивме. Време е да го промениме тој тренд и да почнеме да победуваме. До крајот на сезоната имаме уште 11 меча во првенството и се надевам уште три средби во Купот. Треба целата наша енергија да ја насочиме кон дуелите што ни претстојат. Против Аталанта нема да биде клучен меч, но сепак е важен. Аталанта е сериозен ривал кој истотака се бори да биде во Топ 4. Ќе треба и добро да се браниме бидејќи во последно време лесно примаме голови“, вели Алегри, пред денешниот дуел во Торино кој започнува од 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести