Пари Сен Жермен нема што да стравува околу одбраната на титулата во француската лига, па и третото реми по ред за тимот не е проблем, имаат десет бодови предност пред второпласираниот Брест.
Денеска Светците одиграа само 2-2 на свој терен против Ремс, а сите четири гола паднаа во првото полувреме.
Луис Енрике реши малку да го измеша почетниот состав, на клупа ги остави голманот Донарума и Французите Мбапе и Дембеле. Во 73-та минута им даде шанса на крилните напаѓачи да влезат, но тие не успеаја да го сменат резултатот.