Манчестер сити го фати Ливерпул на спиење, стрелецот на голот е неочекуван (Видео)

Манчестер сити има предност од 1-0 по првото полувреме на гостувањето во премиерлигашкото дерби кај Ливерпул. Ако исходот остане ваков и на крај, Сити ќе избие на чело на табелата, а Ливерпул ќе падне на трета позиција.

Стрелец на голот за водство на Граѓаните и стишување на гласната публика на „Енфилд“ беше дефанзивецот Џон Стоунс кој ја искористи лошата дефанзивна реакција на Црвените и мајсторскиот и мудар центаршут на Кевин Де Бројне кој забележа празнина во просторот пред голот и таму ја упати топката.

Веројатно кај домашните во второто полувреме ќе мора да влезе Мохамед Салах кој е на клупата за резерви, а му треба на тимот. Но, треба да се знае и дека Манчестер сити загубил само еден од последните 77 меча во Премиер лигата на кој повел со 1-0.

https://twitter.com/i/status/1766859318689698141

- Оглас -

Најнови вести