Фудбалерите на Селта си постигнаа два автогола, Реал убедливо победи (Видео)

Екипата на Реал Мадрид ја задржа предноста од +7 во однос на Жирона и +8 на Барселона, откако вечерва ја совлада Селта Виго со убедливи 4-0. Она што е интересно е тоа што гостите си постигнаа два автогола, иако можеа да се надеваат и на позитивен резултат од овој натпревар.

Резултатот го отвори Винисиус во 21-вата минута, а следните два гола беа дело на гостинските фудбалери. Најпрво Гуита си постигна автогол, а потоа и Домингес. Конечните 4-0 ги постави турчинот Ѓулер.

- Оглас -

Најнови вести