Мане покажа дека и не е толку мирен играч, го „давеше“ противникот кој само мирно стоеше (видео)

Садио Мане често го фалат поради неговите добри дела што ги прави надвор од фудбалскиот терен, а и на мечевите важи за еден од најмирните играчи. Сепак, дека и на Мане може да му „пукне филмот“, се покажа на последниот меч на Ал-Наср.

Во драматично четвртфинале од азиската Лига на шампиони, Ал-Наср беше елиминиран на пенали, а Мане во текот на мечот покажа дека е нервозен. Во еден момент Мане се доближи до противничкиот играч и буквално го фати за вратот како да го дави.

Целата ситуација ја виде тренерот на Ал-Аин, некогашниот голгетер Ернан Креспо, кој реагираше кај судијата и бараше Мане да добие црвен картон. Сепак, Мане остана на теренот, а за овој неспортски потег доби само жолт картон.

 

- Оглас -

Најнови вести