Фудбалерите на Чукарички и Спартак од Суботица одиграа 2:2 во меч од 25-тото коло на српската Супер лига. Дуелот го одбележа домашниот фудбалер Лука Аџиќ, кој успеа да постигне два гола, и тоа директно од корнер.
Првиот гол беше постигнат во 29-тата минута, а втората мајсторија се случи во 51-вата минута, кога Аџиќ повторно го матира гостинскиот голман.