По големата драма и мечот кој траеше речиси три часа, Арсенал се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Топчиите на свој терен дури по подобро изведување на пеналите го елиминираа Порто.
Во регуларниот дел Арсенал даде гол преку Тросард во 41-вата минута, погодокот со којшто стигна до водство од 1:0. Токму тој гол се покажа и како единствен не само по 90 минути игра, туку и по дополнителните 30 минути, кои мораа да се играат бидејќи Порто на првата средба на свој терен победи со идентични 1:0.
Во пенал-рулетот, домашниот Арсенал ја презеде одговорноста прв да шутира и започна пенал-драмата, по која на крајот се радуваа домаќините.
Еве како се одвиваше пенал-драмата во четирите серии:
1:0 Одегард погоди
1:1 Пепе Акидо погоди
2:1 Хаверц погоди
2:1 Бендел ја погоди стативата
3:1 Сака погоди
3:2 Грујиќ погоди
4:2 Рајс погоди
4:2 Галено – голамнот го одбрани неговиот удар