Саудиски Ал -Хилал синоќа стана прв тим во историјата на фудбалот кој имал 28 победи по ред на официјални натпревари, па радоста во соблекувалната беше разбирливо голема.
Се славеше бучно со скокање и удирање по маса и по орманчињата, а хит стана првиот стрелец на тимот, Србинот Александар Митровиќ, кој најде необичен начин на прослава.
https://twitter.com/i/status/1767679726829572343
Популарниот Митро успехот и влезот во Гинисовата книга на рекорди ги славеше со удирање на главата во орман.
https://twitter.com/i/status/1767676844495581279