На денешен ден пред десет години загина Петар Милошевски

На денешен ден пред десет години загина легендарниот голман Петар Милошевски. Тој на 13 март 2014 година враќајќи се од ревијален натпревар во Куманово, загина во сообраќајна несреќа која се случи во близина на овој град.

Петар Милошевски во својата кариера бранеше за екипите на Пелистер, каде што ја започна кариерата, и во Вардар во македонскиот шампионат, како и за Трабзонспор, Малатијаспор, Себатспор и Енозис.

Милошевски долги години беше стандарден голман на македонската репрезентација, за која забележа 59 настапи.

По завршување на играчката кариера, Милошевски беше дел од македонската репрезентација извршувајќи ја функцијата спортски директор.

Во негова чест, тренинг-центарот на ФФМ го носи неговото име, како и стадионот во Битола.

- Оглас -

Најнови вести