Жозе Мурињо по отказот што го доби од Рома е без работа, но постојано е актуелен и речиси во конкуренција за тренер на сите екипи коишто имаат намера да менуваат во стручниот штаб. Португалецот се споменуваше како кандидат за клупата на Манчестер јунајтед и Њукасл, но и како нов тренер на Баерн Минхен. Мурињо од поодамна е голема желба и на клубовите од Саудиска Арабија, кои му нудат вистинско богатство.
Сепак, последната екипа која влезе во игра за неговиот ангажман е вистинско изненадување. Според пишувањата на Калчомеркато, Мурињо е најблиску до клупата на Фенербахче, кој силно притиска за неговиот потпис. Гигантот од Истанбул планира да менува на клупата доколку не дојде до титулата во Турција, а прв фаворит да седне на нивната клупа е токму Жозе Мурињо.