Фудбалерите на Црвена ѕвезда повторно се на врвот од српската Суперлига откако вечерва го победија Раднички во Ниш со 0-2 и на најдобар можен начин го искористија подарокот на Партизан.
„Црно-белите“ од Белград денес беа шокирани на домашен терен од Напредок Крушевац и не само што загубија со 0-1, туку ја загубија и лидерската позиција на табелата.
Победата за Црвена ѕвезда во Ниш ја обезбедија Канга во 34-тата минута и Катаи во 87-мата. Белградските Црвено-бели сега имаат предност од два поена пред вечниот ривал.