Вечното дерби е за САД, па Русија мора да си замине дома по убедливиот пораз во три сета. Америка остана единствената непоразена селекција на одбојкарскиот Мундијал што го организираат Италија и Бугарија, откако со 3:0 ја совлада и Русија.
Првиот сет им припадна на Американците со 25:22, а по голема борба ги добија и следните два сета, со идентични 25:23 за прво место во Групата И во конкуренција уште и со Бразил.
Русите имаат два порази и ги загубија шансите за пласман во завршницата, а во ново дерби против Бразил, селекцијата на САД ќе бие битка за првото место во групата. И двете селекции имаат гарантиран настап во полуфиналето.
Од 20,30 часот ќе играат актуелниот светски првак Полска и Србија во меч во кој на Србите им треба само еден сет за пласман во полуфиналето.