Репрезентативниот голман, Никола Митревски, третпат во својата кариера ќе застане на голот на Еурофарм Пелистер. Митревски после четири години се враќа во својот матичен клуб и ќе се обиде со своето искуство, но и квалитет, да му помогне на актуелниот ракометен шампиона на Македонија да дојде до подобри резултати следната сезона во европските купови.
Битолчанецот освен за Пелистер, во својата кариера настапуваше и за Вардар и Металург, а интернационална кариера градеше во Бенфика и Порто од Португалија, како и романската Доброгеа Суд.