Романија ја победила Македонија со 32-27 во од двата контролни натпревари во Браила.
Денешниот меч беше одигран зад затворени врати за да можат двајцата селектори да експериментираат и да пробуваат варијанти кои не би сакале да ги видат противниците во баражите за пласман на СП 2025.
Тимот на Кирил Лазаров водеше по првото полувреме со 16-15, а вториот дел им припаднал на Романците, па тие на крај славеа со конечни 32-27.
Утрешниот меч со Романија е од 16.30 часот и ќе биде отворен за јавноста.